24фудбал

Нејмар „продаваше“ финти во победата против Селтик (ВИДЕО)

Бразилецот покажа дел од своите дриблерски квалитети на мечот против Селтик.

Лига на Шампиони

ПСЖ ја наполни мрежата од голот на Селтик по втор пат во Лигата на шампионите, по триумфот од 0-5 на гости, дома славеше со убедливи 7-1, а токму гостите преку Дембеле дојдоа до почетно водство.

Токму Нејмар почна да ја „плете“ победата на домаќините, па со два гола во серија донесе пресврт од 2-1, а во текот на мечот имаше неколку добри потези, од кои ние издвојуваме две, од кои „настрада“ Форест.