24фудбал

Прекрасен гест на Каталонците: Барселона се понуди да помогне во случајот со тренерот на Севилја!

Веста за болеста на шефот на стручниот штаб на Севилја го потресе фудбалскиот свет, Барселона веднаш реагираше.

Шпанија

Севилја синоќа успеа да извлече реми со резултат 3-3 против Ливерпул на домашен терен, иако гостите имаа водство во првото полувреме од 3-3.

Фудбалерите на шпанскиот прволигаш имале додатна мотивација на паузата откако дознале лично од тренерот Мануел Едуардо Беризо дека боледувал од рак на простата, играчите биле во шок и со многу емоции ги примиле вестите.

Дел од шпанските медиуми денес пренесоа дека Барселона се понудила да помогне во овој случај.

Барселона и понудила на Севилја помош и совети од нивните стручни лица во медицинскиот тим кои имаа веќе искуство со еден ваков медицински проблем со поранешниот тренер на Каталонците, Тито Виланова.

Виланова го презема тренерското столче во Барселона по заминувањето на Пеп Гвардиола, ја освои титулата во Примера, а мина само една сезона на кормилото на тимот, мораше да замине на операција, почина период подоцна.