24фудбал

Навивачите на Баерн Минхен фрлаа евра на теренот (ФОТО)

Фановите на германскиот првак револтирани од високите цени на влезниците.

Лига на Шампиони

Баерн Минхен мина славенички на гостувањето кај Андерлехт и обезбеди триумф од 1-2, потешко од очекувањата.

Сепак, мечот го одбележи негодувањето од страна на гостинските навивачи кои упатија критики до белгискиот клуб за високите цени на влезниците за овој меч, а притоа фрлаа на теренот лажни евра.

Сликите од нивниот транспарент кој го објавија на трибината каде беа сместени се јасни, дури 100 евра чинела влезницата за нив.