24фудбал

Нејмар иритиран од прашањето за Реал Мадрид одговори со пцовка и си замина (ВИДЕО)

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар експлодираше по дуелот со Селтик кога беше запрашан за шпекулациите за трансфер во Реал Мадрид, Бразилецот одговори со пцовка и си замина

Лига на Шампиони

„Светците“ вчера ја наполнија мрежата на Селтик а Нејмар со два гола беше главен актер на теренот.

По крајот на средбата, напаѓачот застана во мешаната зона за да разговара со новинарите, каде имаше и неколкумина од неговиот роден Бразил.

Тој беше во добро расположение се додека не доби прашање за шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид.

„Е*и се, многу сте досадни – гласеше одговорот на фудбалерот, кој веднаш си замина од мешаната зона.

Претходно тој доби уште неколку незгодни прашања, и најпрво му беше посочена коинциденцијата од резултатот 7-1, истиот со кој Бразил беше поразен од Германија на Светското првенство во 2014.

„Морате уште еднаш да ме потсетите што се случи, нема никогаш да заборавите, нели? – рече Нејмар. „Среќен сум што победивме, тоа е најважно, резултатот не ме интересира.

„Наметнавме силно темпо и ги постигнавме погодоците. Покажавме карактер, бидејќи започнавме лошо и противникот поведе веќе во првата минута.

Секако неизбежни беше и прашањето за негативните натписите на француските медиуми, за тоа дека се забавувал до раните утрински чаосви.

„Добрите вести не се продаваат. Луѓето се „палат“ на лоши вести, па затоа има многу вакви стории за мене“.