24фудбал

Како Давид Де Геа им создава главоболки на Абрамович и Челси

Раководството на актуелниот шампион на Англија има главоболки поради Давид Де Геа, Челси се најде во тесно откако Тибо Куртоа побарал годишна плата од 12 милиони евра како онаа на Шпанецот

Англија

Челси и Тибо Куртоа подолго време се во преговори за продолжување на соработката, и оваа недела се појавија стории кои велеа дека Белгиецот го одбил последниот предлог.

Медиумите од Белгија сега откриваат повеќе детали и пишуваат дека Тибо Куртоа побарал годишна плата од 12 милиони евра.

Имено, Тибо Куртоа сака да заработува колку својот колега од Манчестер јунајтед, Давид Де Геа кој е најплатен голман во Премиерлигата.

Чуварот на мрежата на „Сините“ во моментов заработува двојно помалку, односно 5,7 милиони евра и преговорите ќе бидат ставени во мирување до крајот на сезоната.

Па Челси е ставен во тесно со оглед на тоа дека Тибо Куртоа е под договор до 2019 а за неговите услуги интерес пројавуваат неколку екипи, помеѓу кои и Реал Мадрид.