24фудбал

Венгер со задолоство ќе го продаде Озил на Барса, но под еден услов

Медиумите од Шпанија пишуваат дека Арсен Венгер е подготвен да помогне Месут Озил да заврши на Камп Ноу, но за возврат бара Барселона да се откаже од обидите за ангажман на Леон Гроецка

Англија

Мест Озил е под договор со „Топчиите“ до крајот на сезоната, па зимскиот преоден рок е последна можност Арсенал да заработи неколку милиони од негова продажба.

Во последно време се говори дека Германецот е „планот Б“ на Барселона за јануари доколку „Каталонците“ не успеат во намерата да го донесат Филипе Кутињо, кој им беше примарна цел изминатово лето.

Медиумите од Шпанија сега пишуваат дека Арсен Венгер со задоволство ќе го продаде Месут Озил на Барселона но под еден услов.

Доколку Барса се откаже од намерата да потпише со Леон Гроецка, менаџерот на Арсенал ќе помогне поранешниот играч на Реал Мадрид да заврши на Камп Ноу.

Арсен Венгер на овој начин ќе се осигура дека Месут Озил нема да заврши кај Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед, односно во редовите на директен ривал од Премиерлигата.

Исто така, доколку Барселона се откаже од Леон Гроецка, Арсенал ќе има далеку полесна задача во немерата да го ангажира големиот талент на Шалке, кој и тоа како е привлечен од идејата да потпише за „Каталонците“.