24фудбал

Леванте откри, Барди ја добива наградата на ФФМ за најдобар фудбалер (ФОТО)

Иако ФФМ се уште ја држеше во тајност информацијата кој е најдобар македонски фудбалер за сезоната 2016/2017, Леванте откри со тоа што му честиташе на Барди.

Македонија

Енис Барди ќе ја добие наградата на ФФМ за најдобар македонски фудбалер за сезоната 2016/2017.

Леванте преку официјалниот сајт и социјалните мрежи му ја честиташе наградата на Барди пред ФФМ да соопшти кој е добитникот.

Свечената церемонија на која ќе бидат доделени наградите на ФФМ ќе се одржи на 3. декември.