24фудбал

Вардар вечерва ќе игра на затворен стадион

Стадионот на Зенит, „Крестовски“ каде што вечерва ќе гостува Вардар ќе биде со затворен кров па фудбалерите на теренот нема да ги почувствуваат минусните температури во Русија.

Македонија

Вардар вечерва му гостува на Зенит во петтото коло од Лига Европа каде ќе ги брка првите европски бодови.

Фудбалерите на Чеде Јаневски ќе имаат пријатна температура за игра иако температурите во Санкт Петербург се минусни.

Стадионот „Крестовски“ е еден од малкуте во Европа кои имаа кровна конструкција која се затвара и вечерва ќе биде искористена таквата опција.

Натпреварот помеѓу Зенит и Вардар почнува од 19 часот.