24фудбал

Барселона се договорила со Арсенал, но барањата на Озил изгледаат превисоки

Германскиот репрезентативец има високи барања до Барселона за својата заработка во каталонскиот клуб доколку дојде до договор за трансфер.

Шпанија

Месут Озил и дефинитивно си заминува од Арсенал откако обете страни не постигнаа никаков договор околу продолжување на соработката, неговиот актуелен важечки договор со клубот истекува идното лето, а прашање е само дали ќе си замине во јануарскиот рок или пак на лето како слободен фудбалер.

Пред извесен период повеќето медиуми изнесоа шпекулации дека Барселона има сериозни намери да се засили со Озил, а Каталонците наводно немаат намера да чекаат до лето кога тој ќе може да се ангажира без никакво обештетување.

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона веќе се договорила со Арсенал за сумата околу обештетувањето за Озил кое во јануари би изнесувало околу 20 милиони евра, но германскиот репрезентативец има свои барања за реализација на овој трансфер.

„АС“ наведува дека Озил бара неделна плата од 375.000 евра, односно високи 19 милиони евра на годишно ниво, услов што речиси тешко би го прифатил раководството на Барселона.