24фудбал

Гачевски му одбрани пенал на Дзјуба (ВИДЕО)

Вардаровиот голман го прочита фудбалерот на Зенит.

Македонија

Непишано фудбалско правило е тој врз кој е направен прекршокот за пенал во казнениот простор да го отстапи местото на друг во изведувањето на ударот од белата точка, а Дзјуба му пркосеше на ова „правило“.

На крајот Филип Гачевски излезе како победник во ситуација еден на еден а тоа го направи на фантастичен начин во 27. минута.


Пенал дојде по прекршокот на Новак што беше очигледен за најстрога казна, Зенит има водство од 1-0 со голот на Полоз во 16. минута од мечот.