24фудбал

Спектакуларниот гол на Шиле против Зенит како увертира за триумф против Розенборг! (ВИДЕО)

Офанзивецот на црвено-црните постигна гол за паметење против рускиот гигант.

Македонија

Македонскиот првак доживеа пораз на гостувањето кај Зенит во петтото, претпоследно коло од групата „Л“ од Лига Европа со 2-1, но воопшто неразочара, туку напротив, парираше одлично против големиот фаворит.

Голот на Дејан Блажевски во финишот од средбата во Санкт Петербург може да биде убава увертира за последниот меч во групната фаза од Лига Европа кој е предвиден да се одигра во Скопје на 7 декември.