24фудбал

ЛЕ: Славје во Белград, Партизан победнички ја „преживеа“ драмата со Јанг Бојс и обезбеди место во нокаут фазата (ВИДЕО)

Се комплетираше петтото, претпоследно коло од групната фаза во Лига Европа по натпреварите одиграни во 21 часот.

Лига Европа

Белградски Партизан успеа да се избори за победа над швајцарски Јанг Бојс со 2-1 пред своја публика и со тоа обезбеди место во нокаут фазата на едно коло до крајот на групната фаза.

Тавамба во 12. минута донесе делириум од радост на трибините откако го доведе Партизан во почетно водство од 1-0, гостите преку Нгамалеу во 25. Минута израмнија но по само осум минути игра во вториот дел домаќините повторно дојдоа до водство, овој пат од 2-1 со голот на Ожеговиќ.

Гостите правеа максимални напори за израмнување се до последниот свиреж а имаа големи шанси да стигнат до реми но Партизан успеа да се одбрани и да обезбеди место во нокаут фазата од ова натпреварување.




Од натпреварите кои се играа во подоцнежниот термин по оние кои претходно завршија, пласман во нокаут фазата обезбедија уште и Динамо Киев, Брага, Милан, Аталанта и  Лион.

 

Резултати од натпреварите во 21 часот:

Милан – Австрија Виена 5:1

AEK – Ријека 2:2

Брага – Хофенхајм 3:1

Евертон – Аталанта 1:5

Лудогорец – Башакшехир 1:2

Лион – Аполон 4:0

Макаби Тел Авив – Славија Прага 0:2

Партизан – Јанг Бојс 2:1

Шериф Тираспол – Злин 1:0

Скендербег – Динамо Киев 3:2


Извештај и голови од натпреварите кои се играа порано - ТУКА.


Фото-вест: espreso.rs