24фудбал

Трансфер бомба: Милан се засилува во Ливерпул?

Италијанскиот калчолигаш е на повидок да направи голем трансфер во јануарскиот преоден рок.

Италија

Милан игра под очекувањата и покрај големите финансиски средства вложени во засилувања изминатото лето, особено во италијанскиот шампионат каде нема позитивни резултати.

Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ е пред заминување од тимот од „Енфилд Роуд“, а токму тој се споменува како големо засилување за Милан во јануарскиот преоден рок.

Стариџ е прва опција за Калчолигашот, а на офанзивецот очајно му е потребна минутажа за да обезбеди место во селекцијата на Англија за Мундијалот во Русија идната година.