24фудбал

Сериозен пропуст на Баерн, Хамес 10 минути играл со потрес на мозокот, на полувреме не знаел кој е резултатот!

Лекарскиот тим на Баерн Минхен направил сериозен превид на вчерашниот дуел против Борусија Менхенгладбах, Хамес Родригез играл десетина минути со потрес на мозокот

Германија

ФИФА има строги правила кога се во прашање повредите на главата, но очигледно докторите на Баерн Минхен не се придржувале до насоките.

Хамес Родригез во 33. минута од вчерашната средба со Борусија Менхенгладбах имаше еден жесток воздушен дуел со Тони Јанчке, по кој двајцата легнаа на тревата и се држеа за главите.

Колумбиецот добиваше третман покрај аут линијата и беше прегледан од докторите кои дадоа зелено светло за тој да врати на теренот и да го доигра првото полувреме.

Сепак, Хамес Родригез не се врати за стартот од вториот дел а по крајот на средбата Јуп Хајнкес ја откри причината.

„Хамес не знаеше кој е резултатот од првото полувреме, веројатно се работи за потрес на мозокот, па моравме да го замениме. Сепак, точната дијагноза ќе треба да ја потврдат докторите“ – рече тренерот на Баерн Минхен.

Ништо подобри не беа ниту докторите на Борусија Менхенгладбах, и тие реагираа дури на полувремето и Тони Јанчке бил пренесен во болница на дополнителни прегледи поради сомневање дека заработил потрес на мозокот.