24фудбал

„Ах само да знаев дека Нејмар ќе си оди, кога ќе видам кој игра сега во форот на Барса...“

Ѕвездата на Наполи, Дрис Мертенс признава дека често размислува како ќе му се одвивала кариерата и животот доколку летоска малку порано дознаел дека Нејмар ќе го напушти Камп Ноу

Шпанија

Белгиецот минатата сезона беше фантастичен во дресот на „Наполитанците“, па го привлече вниманието на најголемите клубови од Европа.

Сепак, тој реши да оставен верен на клубот од Сан Паоло и стави потпис на нов договор.

Во разговор со ХЛН, Дрис Мертенс сега отркива дека имал понуда од Барселона но ја обдбил бидејќи не сакал да ја „грее“ клупата и да гледа како Меси, Суарез и Нејмар се неприкосновени во форот.

Но тој исто така се прашува што би било доколку малку порано дознаел дека Нејмар ќе го напушти Камп Ноу.

„Од време на време чувствувате дека сакате да правите нешто поразлично“ – вели Мертенс. „Не одам секоја година на одмор на исто место, но во моментов, трансфер не ми е во плановите“.

„Барселона подолго време беше заинтересирана за мене, но ќе бев резерва на Лео Меси, Луис Суарез и Нејмар. Па по одличната сезона која ја имав во Наполи, не сакав да седам на клупа, без разлика што тоа ќе беше клупата на Барселона“.

„Решив да ставам потпис на нов договор и тогаш Нејмар се пресели во ПСЖ па трансфер пазарот експолодираше. За да го замени Нејмар, Барса плати 100 милиони евра за играч кој не вреди ни пола од таа сума“.

„Често се прашувам „Како ќе ми беше во Барселона?“ Ако погледнете кој игра на левата страна во нападот изминативе месеци... сигурно дека ќе бев дел од стартниот состав“.

„Ах само да знаев дека Нејамр ќе си оди...“