24фудбал

Необична подготовка за Мундијалот: Руски полицајци на Островот за да се „запознаат“ со англиските навивачи

Домаќинот-организатор на претстојниот Мундијал сака да ги запази сите детали околу безбедносните мерки.

Англија

Припадници на руската полиција ќе ги посетат „Олд Трафорд“ и „Енфилд“ за да соберат што е можно повеќе информации за англиските навивачи на стадионите во пресрет на Светското првенство.

Според информациите, припадници на руската полиција ќе присуствуваат на мечот помеѓу Манчестер јунајтед и ЦСКА Москва во вторник, а ден подоцна и на дуелот помеѓу Ливерпул и Спартак Москва, и двата во рамките на Лигата на шампионите идната седмица.

Овие активности се дел од подготовките на Светското првенство кое идната година ќе се одржи токму во Русија, а активностите се со цел да се спречат било какви инциденти на Мундијалот.