24фудбал

Суарез: Нејмар во Реал Мадрид? Го познавам многу добро, нема да се случи тоа

Уругваецот не очекува трансфер на Нејмар во Реал Мадрид, очекувањата ги базира врз основа на тоа што добро го познава својот поранешен соиграч од Барселона.

Шпанија

Лионел Меси – Луис Суарез и Нејмар беа триото кое беше страв и трепет за противничките одбрани, но изминатото лето Бразилецот направи сензационален трансфер во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.

Изминатиов период Нејмар се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, најлутиот ривал на Барселона, но Суарез вели дека, познавајќи го, до тоа нема да дојде.

Нејмар не го гледам во Реал Мадрид, со оглед на тоа што добро го познавам, тешко дека ќе игра за тој клуб. Тој секогаш и се восхитувал на Барселона и нејзините фудбалери. Како и да е, свесни сме за неговиот потег изминатото лето и мораме да го прифатиме тоа што бараше нов предизвик, верувам дека сега е среќен, но сигурен сум дека и натаму ја сака Барселона“ изјави Суарез во интервјуто за „Марка“.