24фудбал

Неверојатна сторија за тоа што го направил Фергусон за Де Геа

Поранешниот долгогодишен стратег од клупата на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон има само два пропуштени натпревари на клубот, едниот поради свадба на својот син, другиот...

Англија

Давид Де Геа изминатиов викенд ја воодушеви фудбалската јавност со своите фантастични перформанси во победата на Манчестер јунајтед на гостувањето кај Арсенал со 1-3 во дербито на Премиерлигата.

Поранешниот тренер на голманите во Манчестер јунајтед, Ерик Стил во интервју за „Дејли мирор“ открива како дошло до конечно решение на клубот да се реши да го доведе во своите редови од Атлетико Мадрид во 2011. година и колку трпеливост прикажал поранешниот долгогодишен тренер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон.

Се сеќавам дека Фергусон имаше пропуштено само два натпревари на Манчестер јунајтед. Еднаш поради свадбата на неговиот син, а вториот пат тоа го направи за да го скаутира Давид Де Геа“ открива Стил.

Се приклучив на Манчестер јунајтед во 2008. година, и од тој момент ние моравме да бидеме подготвени да ја пронајдеме адекватната замена за Едвин Ван Дер Сар. Бев убеден дека тогаш 19 годишниот Де Геа беше вистинскиот избор за неговата заменадодава тој.


Му покажав три-минутна компилација на Фергусон и потоа заедно отидовме да го гледаме на натпреварот Атлетико Мадрид – Валенсија, во ноќта кога Манчестер јунајтед играше против Сканторп во Лига купот“ истакна Стил.

Поранешниот тренер на голманите на тимот од „Олд Трафорд“ вели дека Де Геа се покажал одлично на тој натпревар, покажал висока концентрација и рефлекси кои веднаш го примамиле интересот на Фергусон. Но, имал и една катастрофална грешка по која добил големи критики за истата.

„Беше храбар потег да се издвојат 17 милиони фунти за тинејџер, Алекс Фергусон беше трпелив со младите фудбалери претходно, но ова беше прв пат тоа да го стори со голман. Де Геа трпеше критики, но ние никогаш не ја променивме програмата околу неговиот развој, Фергусон никогаш не го критикуваше, му даде можност да се развива на неколку нивоа, и погледнете го сега Де Геа...“ издвојува Стил.