Категорија: Италија 04.12.2017 21:51
Минатата недела, новиот предоводник на „Росонерите“ беше насамерен од познатите италијански комичири и за популарното шоу „Ла Јене“ кажа „Форца Интер“.
Италијаните денеска решија одново да си тераат мајтап со Џенаро Гатузо, па по неславното деби на клупата и ремито од 2-2 против Беневенто со гол на голманот Брињоли во 95. минута, Рино беше почестен со „признание“.
Тренерот на Милан беше посетен од новинар на „Стриша ла Нотиција“ и ја доби наградата Златен Тапри, мала статуетка која се доделува на славни личности или политичари кои биле понижени или поразени.
Џенаро Гатузо беше страв и трепет како фудбалер, но и покрај тоа новинарот реши дополнително да го „пецне“: „Видов убав гол во последните секунди кој го постигна Монтела, тоа не беше голманот на Беневенто, туку маскиран Монтела“.