24фудбал

Гол на Пандев за водство на Џенова во Верона (ВИДЕО)

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев го постигна првиот гол оваа сезона за Џенова со кој му донесе водство на својот тим пред крајот на полувремето во Верона.

Италија

Пандев ја оправда улогата на стартер на денешниот меч во Верона и пред самиот крај на првото полувреме го отвори резултатот на натпреварот.

До македонскиот фудбалер дојде една топка во шеснаесетникот, а тој убаво ја смести во мрежата на домаќините.