24фудбал

Верона се жали дека голот на Пандев бил од офсајд, Гоче порачува: Чим ВАР го призна, тогаш е регуларен

Горан Пандев вчера го постигна својот првенец оваа сезона и донесе победа за Џенова од 0-1 на гостувањето кај Верона, но домаќините се жалат дека погодокот паднал од офсајд ситуација

Италија

Македонецот синоќа имаше одлична партија на Бентегоди која ја круниса со погодок, негов прв оваа сезона, со кој донесе три важни бода и ја извади Џенова од зоната за испаѓање.

Но домаќините имаат замерки и веруваат дека голот на Горан Пандев е од офсајд, поточно на зачетокот од акцијата Таарабт се наоѓа во недозволена ситуација.

Од повторените снимки се чини дека фудбалерот на Џенова навистина е најблиску до голманот на домаќините, но судијата не досуди ништо.

За поплаките на Верона, Горан Пандев вели: „Судиите на помош го имаат ВАР и чим видео технологијата го призна, тоа значи дека е регуларен.

„Мојот гол беше многу важен, ни помогна да победиме, но тимот е пред се останато. Триумфот и трите бода се од големо значење, натпреварот беше многу тежок.