24фудбал

Лудата понуда на Манчестер Сити за Меси, Аргентинецот одбил богатство од Шеикот!

Според пишувањата на Марка, „Граѓаните“ се обиделе да го ангажираат Лео Меси со огромно богатство, Шеикот Мансур лично ја доставил понудата до Аргентинецот

Шпанија

Изминатово лето настана голема конфузија околу иднината на Лео Меси откако Барселона на почетокот од јули соопшти дека има согласност со играчот за продолжување на соработката.

Но Аргентинецот не стави потпис на договорот и тоа ја отвори вратата за голем број на шпекулации за заминување на напаѓачот од Камп Ноу.

И додека Барса инсистираше дека договорот е валиден бидејќи веќе е потпишан од таткото на Лео Меси, медиумите пишуваа дека играчот веќе во јануари може да се договор со друг клуб и го поврзуваа репрезентативецот на „Гаучосите“ со неколку гиганти.

Според Марка, на адреса на Лео Меси пристигнал примамлив предлог од Манчестер Сити.

„Граѓаните“ верувале дека ова е моментот „или сега или никогаш“, па Шеикот Мансур без да преговара преку посредници и агенти, директно ја доставил понудата до играчот.

Тој на Лео Меси му ветил 100 милиони евра бонус за потпис на договорот и плус 50 милиони евра годишна плата.

Сепак, Аргентинецот го одбил ова богатство, минатиот месец конечно удри параф на договорот со Барселона и ја продолжи верноста кон „Каталонците“ до 2021.