24фудбал

Погба бареше да се повредат ѕвездите на Сити па доби суспензија, еве што му порача Де Брујне

Пол Погба посака важните играчи на Манчестер Сити да се повредат пред градското дерби со Манчестер јунајтед, но за разлика од него Кевин Де Брујне сака да игра против најсилниот тим на „Ѓаволите“

Англија

Французинот неодамна даде контроверзна изјава и посака клучните играчи на „Граѓаните“ да се повредат за Манчестер јунајтед да има поголеми шанси во трката за титулата.

Но за дербито на Манчестер токму „Ѓаволите“ ќе бидат без важен фудбалер откако Пол Погба заработи суспензија од три натпревари за црвениот картон добиен на дуелот со Арсенал.

Многумина сметаат дека кармата му вратила на Пол Погба, но Кевин Де Брујне има сосема друго мислење и вели дека е разочаран што Французинот ќе го пропушти лутото градско дерби.

„Не верувам во вакви глупости – вели Белгиецот. „Ако некој верува дека ова е карма, нема ништо против бидејќи секој има право на свое мислење.

„Јас не сакам никој да се повреди. Кога се натпреварувате, сакате да играте против најдобрите тимови и најдобрите играчи.

„Не ме интересира што кажал Погба, може да зборува што сака. Ние треба да се фокусираме само на сопствената работа.