24фудбал

Азар може да стане најплатен играч во Премиерлигата но калкулира и чека понуда од Реал Мадрид

Според пишувањата на Тајмс, Еден Азар на маса од Челси има договор со неделна плата од 300.000 фунти, но одбива да стави потпис и чека понуда од Реал Мадрид

Англија

„Сините“ подолго време се во преговори со својата прва ѕвезда и со месеци се обидуваат да го продолжат договорот на Еден Азар.

Според Тајмс, Белгиецот на маса има предлог според кој ќе стане најплатен фудбалер во Премиерлигата.

Челси на Еден Азар му нуди неделна плата од 300.000 фунти, но играчот во моментов не сака да стави потпис.

Тајмс вели дека репрезентативецот на „Црвените ѓаволи“ калкулира и чека понуда од Реал Мадрид. Еден Азар никогаш не криел дека сонува да соработува со Зинедин Зидан, па сака да види што може да донесе трансфер пазарот по крајот на сезоната.

„Кралевите“ не играат на очекуваното ниво, па се најавува пристигнување на нови „Галактикос“ ѕвезди и заминување на неколку звучни имиња, пред се Герет Бејл, кој мака мачи со повредите.