24фудбал

Многумина мислеа дека е офсајд, но голот кој го прими Јунајтед е регуларен (ВИДЕО)

ЦСКА Москва поведе на Олд Трафорд со гол за кој многумина сметаа дека е постигнат од офсајд позиција, но правилото кое малку луѓе го знаеа вели дека погодокот е регуларен.

Лига на Шампиони

Пред самиот крај на првото полувреме ЦСКА постигна гол на Олд Трафорд, на патот до мрежата топката го закачи Џагоев и влезе во мрежата на Ромеро.

Блинд беше излезен надвор од теренот, па најголемиот дел од гледачите сметаа дека Џагоев е во офсајд, но правилата не велат така.

Правилото гласи: Играчот кој го напуштил теренот без дозвола на судијата ќе биде сметан дека е на гол линијата се до следниот прекин или додека тимот кој се брани ја исфрли топката на противничката половина.

Според ова, Блинд се смета дека е на гол линијата, па Џагоев не е во офсајд. Голот на ЦСКА е регуларен.