24фудбал

Познати се Арапите кои сакаат да влезат во Милан

Медиумите од Италија го открија името на бизнисменот кој ја разгледува можноста да го купи Милан, се работи за милијардерот од Саудиска Арабија, Фаваз Алхокаир

Италија

„Росонерите“ пред неколку месеци преминаа во рацете на ивеститори од Кина, но постојано има најразлични шпекулации за новите сопственици на Милан.

Њујорк Тајмс неодамна обвини дека Ли Јонгхонг лажел за своето резиме и не ги поседувал рудниците кои му го донеле богатството.

Исто така се говори дека тој веќе бара нови инвеститори со цел да се покрие кредиот од преку 300 милиони евра, средства кои беа позајмени од фондот Елиот со висока камета за да се комплетира зделката за купување на Милан.

Медиумите од Италија во последно време пишуваат дека Арапи го меркаат Милан, и Телелобардија сега го открива името на потенцијалниот инвеститор.

Се работи за милијардерот од Саудиска Арабија, Фаваз Алхокари, кој ја поседува компанијата Фавас Абдулазиз Алхокари Груп, која работи со градежништво и трговија.

Оваа компанија веќе работи на проект во Сесто Сан Џовани, локација која е идентификувана како можно место за новиот стадион на Милан.

Богатството на Фаваз Алхокаир се проценува на околу 1,23 милијарди евра, но се уште не е јасно дали тој сака да купи само дел од Милан или пак во целост да го превзеде клубот од Кинезите.