24фудбал

Вардар во финишот од полувремето со кобна грешка дозволи израмнувачки гол за Розенборг на полувремето (ВИДЕО)

Полувреме на мечот во Скопје, нашиот претставник игра одлично против норвешкиот шампион но во самиот финиш на првиот дел направи грешка со што му дозволи на гостинот да стигне до израмнување.

Македонија

Вардар има нерешен резултат од 1-1 по првото полувреме на мечот против Розенборг на домашен терен, во рамките на шестото, последно коло од групата „Л“ во Лига Европа.

Црвено-црните добро го почнаа мечот, а голот дојде во 9. минута, најнапред Николов испрати топка кон казнениот простор на гостите, истата ја прифати Итало кој одлично се загради и ја смести во голот на Розенборг.


Итало можеше да го дуплира водството на нашиот претставник во 23. минута, по една брза и убава полуконтра, Бразилецот сепак не погоди по асистенцијата на Николов од страна, а гостите се спасуваа. Веднаш по ова, од корнер Новак биеше прецизно со глава, но неговиот обид со крајни напори голманот на Розенборг го расчисти а топката притоа удри и во дирекот.

Повторно Бразилецот имаше прилика, овој пат во 27. минута, но неговиот удар повторно го намачи Хансен кој за негова среќа ја расчисти и оваа опасност кон неговиот гол.

Во продолжението од мечот до крајот на полувремето, избраниците на Чеде Јаневски за жал не го сочуваа водството, а израмнувачкиот гол дојде по грешка на Барсегјан кој сакаше да врати назад, на таа топка налета Адегбенро.

Гачевски го „сруши“ Нигериецот а главниот арбитар оправдано покажа на белата точка, од која сигурен реализатор беше Никлас Бендтнер.


Вардар: Гачевски, Демири, Новак, Грнчаров, Муслиу, Николов, Глигоров, Блажевски, Фелипе, Барсегјан и Итало.

Мечот на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје го суди украинскиот арбитар Серхи Боико.