24фудбал

Ова пиротехничко шоу на вардаровите навивачи ќе го чини многу клубот (ФОТО)

Армијата вардарови навивачи на Западната трибина од „Филип Втори“ приреде пиротехничко шоу на мечот со Розенборг.

Македонија

Вардар против Розенборг вечерва ја завршува дебитантската сезона во Лига Европа, а на трибините од „Филип Втори“ арената во Скопје навивачите на македонскиот првак приредија и пиротехничко шоу.

Со оглед на тоа што Европската куќа на фудбалот е доста ригорозна во однос на вакви случаи, очигледно е дека клупската каса на Вардар ќе биде на удар по ова.