24фудбал

Јаневски: Извонредна игра, посебно во првото полувреме, заслуживме победа...

Стратегот од клупата на македонскиот првак задоволен од изданието на неговите избраници, но вели исходот е разочарувачки.

Македонија

Вардар со реми од 1-1 против Розенборг на домашен терен ја заврши сезоната во Лига Европа, со пет порази и еден нерешен резултат како учинок во групата „Л“ каде заврши на последното место.

Чеде Јаневски, шефот на стручниот штаб на македонскиот првак, по крајот од мечот упати честитки до неговите избраници, додаде дека заслужиле победа.

Честитки за моите фудбалери, извонредна игра, посебно во првото полувреме. Имавме шанси, постојано ги создававме, за жал не успеавме оваа игра да ја крунисаме со победа, го заслуживме тоа. Со еден бод не може да бидеме задоволни...“ истакна Јаневски.