24фудбал

Реал Мадрид за едно полувреме и даде пет гола на Севиља (ВИДЕО)

Реал Мадрид со убедливи 5-0 ја победи Севиља, интересно сите погодоци на Сантијаго Бернабеу беа постигнати во првото полувреме.

Шпанија

Кралскиот клуб конечно заигра како што му доликува. Пред почетокот на мечот Роналдо ја покажа Златната топка, а со првиот свиреж на судијата тргна и потопот за Севиља.

Реал Мадрид поведе уште во третата минута, по грешка на одбраната на Севиља, топката дојде до Начо на кого не му беше тешко да ја смести топката во мрежата на противникот за водство од 1-0.

Во 23. минута Роналдо беше убаво проигран од Асенсио, излезе сам пред голманот и реализираше за водство од 2-0. Осум минути подоцна постигна и втор гол, овој пат од пенал за убедлива предност од 3-0.

Во 38. минута веќе беше 4-0, а стрелец на голот беше Тони Крос по асистенција од Лукас. Конечните 5-0 беа поставени во 42. минута од страна на Хакими.