24фудбал

Интер го преживеа и Јувентус, „нероазурите“ остануваат без пораз (ВИДЕО)

Дербито на Италија остана без голови, Јувентус и Интер одиграа 0-0, домаќините беа поблиску до победата но „нероазурите“ и по 16 натпревари останаа без пораз во Серија А.

Италија

Интер ја продолжува одличната форма откако го издржа и гостувањето во Торино кај шампионот Јувентус.

Старата Дама со победа можеше да го помине Интер на табелата, имаше неколку добри шанси за гол, но не успеа да го совлада Хандановиќ.

Во деветата минута Манџукиќ имаше двојна шанса, прво биеше во средината на голот, Хандановиќ го одбрани неговиот удар, топката дојде повторно до Хрватот кој од близина не успеа ни од вториот обид.

Пред крајот на првиот дел Манџукиќ повторно имаше шанса, но шутот со глава заврши во пречката.

Во вториот дел Јувентус јалово се обидуваше да дојде до водство, но не успеа да создаде некоја посериозна шанса за гол.

Интер останува на врвот на табелата, но утре може да биде симнат од таму доколку Наполи ја победи Фиорентина.