24фудбал

Милан ја победи Болоња, Бонавентура херој на „росонерите“ (ВИДЕО)

Милан ја оствари првата победа под водство на Џенаро Гатузо откако со 2-1 ја совлада Болоња, Бонавентура со два погодоци беше клучниот играч на „росонерите“.

Италија

Милан дојде до трите бода против Болоња, благодарение на два гола на Бонавентура.

Резултатот го отворија уште во десетата минута кога Калиниќ убаво врати една топка до Бонавентура а тој постигна гол за водство од 1-0 на Милан.

По раното водство се чинеше дека Милан лесно ќе дојде до победата, но не беше така, Болоња изедначи во 23. минута со гол на Верди.

На 15 минути пред крајот Бонавентура со глава го постигна победничкиот гол за Милан за победа од 2-1.

По 16 одиграни кола Милан е на седмата позиција со 24 бодови, 16 помалку од градскиот ривал Интер кој е на врвот.