24фудбал

Од Спортинг Лисабон се пофалија со профит од скоро 25 милиони евра, го објаснија значењето на трансферот на Ристовски (ФОТО)

Португалците работат доста транспарентно, па објавија и детали од три трансфери изминатиот летен преоден рок, меѓу кој и оној на нашиот Стефан Ристовски.

Македонија

Спортинг Лисабон беше мошне активен изминатиот летен преоден рок, доведе неколку исклучително квалитетни фудбалери во своите редови како Бруно Фернандез, Маркос Акуња, Родриго Батаљиа, Кристиано Пичини, како и нашиот Стефан Ристовски. Меѓу другото, како слободен играч на трансфер пазарот го ангажираа Жереми Метје.

Според официјалните податоци кои пристигнуваат од Португалија, Спортинг Лисабон има профит од 24.748 милиони евра во првата четвртина за финансиската година 2017/18, но тој е значително помал во споредба со истиот период од минатата година, кога профитот изнесуваше 69,2 милиони евра.

Од друга страна, од клубот се изјаснија и за значењето на трансферот на Стефан Ристовски, кој во изминатиот летен преоден рок се пресели од редовите на хрватскиот првак Ријека. Откако се активираше опцијата Спортинг Лисабон целосно да го откупи неговиот договор, веднаш тоа го стори, па сега Македонецот е во целосна верност кон португалскиот гигант кој за овој трансфер издвои 2.5 милиони евра.


Стефан Ристовски е ангажиран за сума од 2,563 милиони евра, тој е фудбалер со огромен прогрес зад себе. Управата на клубот врз основа на неговите квалитети ги прифати условите и брзината во целата оваа процедура околу овој трансфер“ велат од Спортинг Лисабон.

Од сумите кои се веќе јавно објавени, можеме да забележиме дека за агентите кои го реализирале трансферот на Ристовски во Спортинг Лисабон издвоена е провизија од 200.000 евра, а за солидарниот фонд издвоени се 113.000 евра.



Извор: dn.pt