24фудбал

Фановите на Лидс, асистенцијата на Алиоски ја оценија како перфектна, а коментаторот на мечот... (ФОТО + ВИДЕО)

Македонецот доби пофални коментари за изданието во победата над КПР викендов.

Македонија

Лидс им се врати на победите, забележа два триумфа и едно реми во последните три натпревари, а расположението кај навивачите на тимот од „Еланд Роуд“ е позитивно, особено ако се земе во предвид блескавите партии кои ги пружа нашиот Езгјан Алиоски во последниов период.

Популарниот „Џани“ имаше одлично издание во гостинската победа викендов кај Квинс Парк Ренџерс со 1-3 за Лидс, а токму Македонецот беше асистент во првиот гол за гостите, тоа го направи на фантастичен начин со убав центаршут кој беше „снајперски“ прецизен.


Прекрасно додавање на Алиоски“ рече коментаторот од овој меч во англиската Чемпионшиплига, за фановите на Лидс, неговата асистенција е перфекција.