24фудбал

Нејмар му пишал на Меси по ждрепката за ЛШ, Бразилецот дал ветување на својот поранешен соиграч

Нејмар по ждрепката за Лигата на шампионите веднаш стапил во контакт со Лео Меси, и му пишал дека ќе се погрижи Реал Мадрид да ги спакува куферите уште во осминафиналето

Лига на Шампиони

Попладнево во Нион беа извлечени двојките за осминафиналето од Лигата на шампионите, а најинтересни ќе бидат дуелите Реал Мадрид-ПСЖ и Челси-Барселона.

Според пишувањата на медиумите од Шпанија, Нејмар по ждрепката му пишал на својот поранешен соиграч Лео Меси.

Бразилецот дал ветување дека ќе се погрижи актуелниот европски шампион Реал Мадрид, и лут ривал на Барселона, да ги спакува куферите и да биде елиминиран уште во првата рунда од нок-аут фазата.

Нејмар, кој остана добар пријател со Меси по заминувањето од Камп Ноу, исто така му порачал на Аргентинецот дека Барса може да го елиминира Челси, и посакал да се сретнат во подоцнежната фаза, по можност во финалето во Киев.