24фудбал

Двајца дефанзивци на Виљареал станаа хит на социјалните мрежи откако се судрија по дуелот со Меси (ФОТО+ВИДЕО)

Аргентинецот мина низ своите противници како „тенк“, дури ги натера да се судрат.

Шпанија

Барселона синоќа се прошета на гостувањето кај Виљареал обезбедувајќи триумф од 0-2 со головите на Суарез и Меси.

Победата ја потврди токму Меси кој во 83. минута натера двајца дефанзивци на домашниот табор, Виктор Руиз и Алваро Гонзалес ден потоа да бидат исмејувани на социјалните мрежи.

Тие двајцата се судрија откако сакаа да го сопрат Аргентинецот во налетот кон голот на Виљареал, не само што не успеаа, туку сега се на мета на потсмев...