24фудбал

Како ли ќе реагира Мурињо на ова: Едерсон со подобра статистика од офанзивците на Манчестер јунајтед

Бразилскиот чувар на мрежата од голот на Манчестер Сити имаше подобра статистика од офанзивниот ред на Манчестер јунајтед, а со тоа се потврди колку доминантен беше Сити на дербито.

Англија

Манчестер Сити продолжи со блескавите изданија, па „настрада“ неговиот ривал Манчестер јунајтед кој на свој терен забележа пораз од 1-2.

Интересна статистика ни пристигнува од овој натпревар, а се работи за допирите со топката од страна на бразилскиот чувар на мрежата на првопласираната екипа од Премиерлигата, Едерсон Мораеш.

Едерсон имал вкупно 41 допир со топката на големото дерби викендов, тој учинок го немаа ниту еден од офанзивните фудбалери на домаќините.


Стрелецот на единствениот гол за Манчестер јунајтед, Рашворд имаше 38, Марсијал исто, Лукаку 27, додека пак Лингард 22. Ова беа четворицата фудбалери кои Мурињо ги смести со офанзивни задачи на големото дерби.