24фудбал

Артета криеш ли нешто? Помошникот на Пеп го покри лицето пред новинарите (ФОТО)

Новинарите од „Островото“ го чекаа Микел Артета да се појави во тренинг центарот на Манчестер Сити за да ги сликнат „раните“ од „војната“ на Олд Трафорд, но Шпанецот со рака го покри лицето

Англија

Покрај големата победа на „Граѓаните“ во градското дерби со „Ѓаволите“, топ тема е и тепачката која настанала по крајот на натпреварот.

Жозе Мурињо се појавил во гостинската соблекувална и им замерил на фудбалерите на Манчестер Сити за големата и гласна прослава. Португалецот сметал дека тие покажуваат непочитување, „Граѓаните“ имале друго мислење, па набрзо настанала мешаница во која летале шишиња и по некој бокс.

Се говореше дека Микел Артета го „изел“ најдебелиот крај, помошникот на Пеп Гвардиола бил погоден со шише и имал исекотина над окото.

Па медиумите од „Островото“ денеска го чекаа Шпанецот да се појави во тренинг центарот на Манчестер Сити за да ги сликнат „раните“ од „војната“ на Олд Трафорд.

Но тој умешно им го скрати задоволството, и со рака го покри лицето.