24фудбал

Семедо проговори за инцидентот со Нејмар

Пет месеци по драмата за време на тренингот на Барселона во САД, Семедо ги откри деталите.

Шпанија

Во екот на шпекулациите кои подоцна се потврдија во реалност за преселбата на Нејмар од Барселона во ПСЖ, по доаѓањето на Нелсон Семедо во каталонскиот гигант се случи голем инцидент за време на тренингот на оваа екипа во Мајами.

Нејмар тргна да се пресмета со тогашниот нов соиграч во тимот, откако најпрво во дуел Семедо со рака го фати Бразилецот околу вратот.

Дојде до туркање а поголем инцидент спречија соиграчите, веднаш потоа Нејмар нервозно го напушти тренингот.


Пет месеци по овој настан Семедо проговори за тој инцидент.

Тоа беше нормална ситуација за време на тренинг. Како и да е, можеби го надмина нормалното ниво. Лично, не се одрази воопшто врз мене бидејќи ја имав поддршката од тимот и моите пријатели, но очигледно дека имаше влијание во јавноста. Само што пристигнав и еден од најважните фудбалери во тимот тргна да се пресмета со мене, тоа ме вознемири за момент, но исто така имав разбирање дека Нејмар беше во исклучително тешка ситуација, сакаше да си замине...“ открива Семедо.

Искрено, не знаев дека Нејмар ќе си замине, но останатите во соблекувалната го очекуваа тој епилог. Во тој период не ни помислував дека Нејмар ќе ја напушти Барселона и ќе се пресели во ПСЖ, тоа ме изненади, како и навивачите кои беа шокирани. Тој беше мошне важен фудбалер за тимот и сите го сакаа“ додаде Семедо кој притоа откри дека ги надминал недоразбирањата со Нејмар.