24фудбал

Екипите кои ги одмериле силите со Барселона, а на кои Меси не успеал да им даде гол... (ФОТО)

Аргентинецот има лоша статистика во дуелите со ривалот од осминафиналната рунда во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Барселона го доби Челси за противник во осминафиналната рунда од Лигата на шампионите, првиот меч се игра во Лондон, реваншот Каталонците го играат пред своја публика.

Ќе биде тоа голем двобој на две екипи кои веќе имаат историја на меѓусебни дуели, но, историја која сигурно не оди на позитивна сметка на Лионел Меси, првата ѕвезда на Барселона.

Аргентинецот има листа на противници против кои играл а се уште нема постигнато гол против нив, токму Челси е една од екипите која се наоѓа на оваа листа.

Дури осум пати Барселона и Челси ги одмериле силите во Лигата на шампионите, а Меси не успеал да погоди на ниту еден од тие натпревари.

На оваа листа на екипи кои се одбраниле од налетите на Аргентинецот се најдоа и Рубин Казан, Интер, Ливерпул, Бенфика, како и Удинезе, а истата се однесува на натпревари од Лигата на шампионите...


Извор: www.sport-english.com