24фудбал

Бејл херој на Реал Мадрид, Роналдо со нов рекорд, Кралевите во финалето на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

По тешко извојувана битка, тимот на Зинедин Зидан мина победнички.

Останато

Реал Мадрид се изнамачи, но стигна до победа од 2-1 против Ал Џизира и со тоа успеа да избори пласман во финалето од Светското клупско првенство.

Најпрво поведе тимот од Обединетите Арапски Емирати, со голот на Ромарињо во 41. минута.

Во второто полувреме по само осум минути игра израмни Роналдо, а победата ја донесе Бејл во 81. минута. Она што е интересно од овој меч, Бејл по само една минута мината на теренот успеа да погоди, а Роналдо пак го постигна шестиот гол во ова натпреварување и изби на првото место на листата на стрелците во оваа конкуренција.

Во финалето, шпанскиот гигант ќе се сретне со Бразилски Гремио, кој во полуфиналето со 1-0 ја совлада Мексиканска Пачука, а овој меч се игра во сабота.