24фудбал

Касиљас би можел во Премиерлигата?

Се погласни се шпекулациите дека шпанскиот ветеран ќе го напушти Порто и ќе се пресели во Англија.

Останато

Поранешниот голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас наводно донел одлука да го напушти Порто уште во јануари, познато е дека неговиот договор со португалскиот тим истекува идното лето, засега нема најави за продолжување на соработката.

Касиљас се поврзува со трансфер во Њукасл кој се чини дека е најзагреан за услугите на искусниот голман.

Шпанскиот чувар на мрежата во Порто се пресели пред две сезони.