24фудбал

Манчестер Сити продолжи со фантастичната низа, Евертон се препороди со Алардајс, Лестер со убедлив триумф (ВИДЕО)

По трите вчерашни натпревари, вечерва ќе се комплетира 17 коло од англиската Премиерлига каде на програмата се седум средби.

Англија

Веќе три средби финишираа, а истите стартуваа во терминот од 20 часот и 45 минути.

Манчестер Сити не запира, славеше на гостувањето кај Свонси со 0-4. Два гола за победничкиот табор постигна Силва, додека по еден Де Брујн и Агуеро.


Три победи и едно реми (со Ливерпул), ова е учинокот на Евертон во последните четири натпревари под водство на новиот шеф на стручниот штаб Сем Алардајс по катастрофалниот старт во новата сезона.

Евертон со минимална победа од 0-1 се врати од гостувањето кај Њукасл, а единствениот гол на мечот беше дело на Руни во првото полувреме. Евертон конечно заличува на себе, а доколку продолжи во вакво темпо, се поизвесно е дека набрзо ќе го видиме со голем прогрес на табелата во Премиерлигата.

Лестер славеше убедливо на гостувањето кај Саутемптон со 1-4, а победата ја навести уште на полувремето каде имаше водство од 0-3. Два гола во победата на Лестер постигна Оказаки, по еден Марез и Кинг. За домаќините единствениот гол го постигна Јошида