24фудбал

Лукаку донесе три бода за Манчестер јунајтед во дуелот со Бурнемаут, Тотенхем сигурен против Брајтон (ВИДЕО)

Комплетирана е 17. рунда натпревари од англиската Премиерлига.

Англија

Манчестер јунајтед со голот на Лукаку славеше минимална но мошне значајна победа на домашен терен против Бурнемаут и со тоа на некој начин ја продолжи трката со Манчестер Сити за првото место на табелата.


Тотенхем мина мошне сигурно во дуелот со Брајтон пред своја публика славејќи победа од 2-0, а головите за домаќините ги постигнаа Орие и Сон.



Од останатите натпревари го бележиме киксот на Ливерпул пред своја публика играјќи реми без голови против ВБА, како и идентичниот резултат на мечот помеѓу Вест Хем и Арсенал.

Табела: 1. Манчестер Сити 49, 2. Манчестер јунајтед 38, 3. Челси 35, 4. Тотенхем 31, 5. Ливерпул 31, 6. Барнли 31, 7. Арсенал 30...