24фудбал

Лукаку не го прослави голот за победа на Манчестер јунајтед, а со тоа испрати јасна порака (ВИДЕО)

Белгиецот очигледно е доста погоден од критиките на фановите на тимот од Олд Трафорд.

Англија

Манчестер јунајтед синоќа обезбеди минимална победа од 1-0 во дуелот против Борнмут пред своја публика, а единствениот гол на мечот беше дело на Ромелу Лукаку.

На Белгиецот очигледно тешко му паднаа критиките на негова адреса за неговата игра топло-ладно, па тој не го прослави голот кој донесе три бода за тимот на Мурињо, а со тоа испрати јасна порака до хејтерите на трибините кои често знаеа и свирежи да му упатат.

(Ситуацијата погледнете ја на 1,00)

За тоа како дел од фановите на Манчестер јунајтед го гледаат Лукаку, сведочи оваа фотографија од „Бличер Репорт“, која се однесува на тоа „Како изгледа Лукаку против малите екипи наспроти Лукаку против големите екипи“.