24фудбал

Сторијата на Крауч во која се инволвирани Алонсо и Кајт е неверојатна...

Картинг забавата за фудбалерите на Ливерпул можела да се претвори во катастрофа за еден од фудбалерите на тогашниот тим кој беше предводен од Рафа Бенитез.

Англија

На една недела пред големиот меч против Милан во финалето од Лигата на шампионите, фудбалерите на Ливерпул отишле на тренинг камп во Португалија, а притоа имале и можност да возат и на картинг патека.

Тоа знае да биде мошне забавно, но во нивниот случај се покажало како доста опасно.

Во опасна ситуација се нашол Питер Крауч, кој изгубил контрола на возилото, притоа не бил во можност да реагира на сопирачките, па откако му станало јасно дека ќе удри во некој од своите соиграчи, на крајот избрал кој да биде тоа, а тоа го направил на основ на тоа кој е поважен за екипата.

Крауч морал да бира помеѓу Чаби Алонсо и Дирк Кајт, го избрал Холандскиот офанзивец бидејќи сметал дека значењето на Алонсо во тимот на Ливерпул е огромно. Инцидентот кој се случи, многумина го сметаат за исклучително опасен.

Ги видов Алонсо и Кајт и се запрашав кој е поважен за тимот, така удрив во Кајт, но тој за среќа скокна навремено а ситуацијата, да бидам искрен, беше доста опасна... За среќа, сега можам да се насмеам на оваа ситуација бидејќи истата мина без никакви повреди“ изјави Кајт.