24фудбал

ВАР-технологијата направи циркус на мечот во Абу Даби (ВИДЕО)

Голови се признаваа, па поништуваа на мечот помеѓу Реал Мадрид и Ал Џизира, ВАР технологијата добива се повеќе и повеќе критики бидејќи се губи вистинската смисла на делителите на правдата долу на теренот.

Останато

Реал Мадрид потешко од очекувањата го совлада Ал Џизира со 2-1 во полуфиналето од Светското клупско првенство, а победата дојде по пресврт откако први поведоа фудбалерите на тимот од Обединетите Арапски Емирати.

Сепак, она што остана како негативно од синоќешната пресметка е циркусот кој настана со применувањето на ВАР технологијата, која се повеќе и повеќе трпи критики, некаде со право.

Реал Мадрид прв поведе на мечот и тоа со голот на Касемиро, но истиот беше поништен поради прекршок а потоа повторно признат. Откако следеше прегледување на снимката, две минути подоцна видео технологијата одлучи дека треба истиот да биде поништен.

Втората ситуација се случи по дуплирањето на водството на Ал Џизира на почетокот од второто полувреме.

Фудбалерите на Ал Џизира веќе го славеа погодокот, а три минути подоцна повторно реагираше главниот арбитар кој го поништи голот на Бусуфе поради офсајд-позиција.