24фудбал

Мурињо: Битката за титулата не е завршена, да беше така, сега ќе бев на одмор во Бразил

Португалскиот стратег не се откажува од трката со Манчестер Сити, иако загуби голема битка пред своја публика.

Англија

Синоќа Манчестер јунајтед обезбеди минимален триумф над Борнмут со голот на Лукаку, и на некој начин ја продолжи трката за титулата со Манчестер Сити во Премиерлигата, иако бодовната разлика според многумина е недостижна, дури уште сега, така не мисли Жозе Мурињо.

Битката за титулата ќе заврши во мај, таа уште трае, и ќе трае, доколку беше завршена утре, јас би бил на одмор во Бразил“ изјави синоќа Мурињо по победата над Борнмут.

Манчестер јунајтед веќе загуби голем дуел против својот ривал за титулата Манчестер Сити, откако забележа пораз од 1-2 на домашен терен, а разликата на табелата е дури 11 бода.