24фудбал

Донарума: Не го очекував ова од фановите на Милан

Џиџо Донарума го прекина молкот и прозборе за навредите кои ги доби од фановите на Милан кои го фрлија во солзи во соблекувалната помечот со Верона.

Италија

18-годишниот голман плачеше по мечот поради навредливиот банер напишан од навивачите на Милан ако и навредливите скандирања кон него.

„Тоа беше грда ноќ, не го очекував тоа. Никогаш не сум рекол, ниту сум напишал дека сум бил жртва на морално насилство кога го потпишав договорот. И покрај сето ова, фокусиран сум на следниот натпревар. Напред Милан“, напиша Донарума на својот инстаграм профил.

Во медиумите се појавија информации дека агентот на Донарума, Мино Раиола им пратил писмо на адвокатите на Милан за преиспитување на договорот потпишал летоска велејќи дека голманот бил под психолошки притисок и морално насилство од клубот.

Таквите информации ги поттикнаа фановите да направат банер на кој пишува: „Морално насилство, 6 милиони евра годишно и потпис на братот паразит? Сега оди си, нашето трпение заврши“.