24фудбал

Раијола: Мирабељи го користи Донарума да ме напаѓа мене, ќе му вратам кога ќе дојде време

Се јави и агентот на Донарума, Мино Раијола кој ги искоментира последните случувања со неговиот клиент, прстот го впери во спортскиот директор на Милан, Масимилијано Мирабељи.

Италија

Навивачите на Милан го навредија Донарума откако во јавноста излегоа информации дека Рајола побарал да биде раскинат договорот поради тоа што бил потпишан под психолишки притисок.

Донарума плачеше по навредите од навивачите, а сега се јави и неговиот агент, Мино Рајола.

„Мирабељи има личен проблем со мене и го користи Џиџо Донарума за да ме нападне. Нема да правам медиумски циркус од тоа, не сакам да има ефект врз Џиџо“, вели Рајола.

„Ќе му вратам на Мирабељи на адекватен начин во вистинско време. Џиџо нема ништо со тоа, ништо лошо не направил, па не треба да го користат него за војна со мене“.

„Јасно им е на сите дека проблемот на Милан не е Џиџо, оставете го неговиот брат Антонио. Стратешки ниту Мирабељи ниту клубот го коментираат банерот кој сите го видовме“.

„Никогаш не сме барале Милан да потпише со Антонио. Тоа беше технички избор направен од Мирабељи“.

„Сакам да ве потсетам дека летото имавме економски и професионални понуди за Џиџо кои ниту еден играч во светот не би ги одбил. Но тој и неговата фамилија одлучија со срце и јас го почитувам нивниот избор“.

„Она што е мој интерес сега е Џиџо да биде оставен на мира за да може да го даде најдоброто од себе“.

„Ваквите контроверзии му одговараат на Мирабељи бидејќи тоа го одвлекува вниманието од вистинскиот проблем на Милан, неговиот технички проект. Јас немам ништо против Милан, се грижам за клубот и му посакувам успех. Да ве потсетам, имам четири фудбалери во првиот тим и мој интерес е моите клиенти да имаат важни резултати“.